Skip to content

Делева обезбеди македонско катче во библиотеката во Венеција

Делева обезбеди македонско катче во библиотеката во Венеција

18.04.2023

Минатата недела македонската уметничка Љупка Делева, која живее и работи во Венеција, предаде книги за деца во библиотеката Бетини јуниор во Венеција. Со овој чин за прв пат се отвори катче со книги на македонски јазик, а Библиотеките Вец на градот Венеција и сите околни општини ќе ги имаат овие книги на македонски јазик за позајмување.
-Ги повикувам родителите на деца од 1 до 15 години да појдат во овие библиотеки во нивното место на живеење и се зачленет, а потоа ќе можат и онлајн да ги нарачаат насловите кои ги интересираат од листата на засега 21 книга на македонски јазик, апелира Делева.
Книгите што Љупка Делева ги подари на библиотеката Бетини се всушност од нејзиниот син. На оваа идеја Делева дошла пред неколку години од причина што библиотеката имала збирки од книги на еу јазиците и на албански.
error: Content is protected !!