Skip to content

Дебата за импликациите на протоколите со Бугарија за македонската наука и образование

Дебата за импликациите на протоколите со Бугарија за македонската наука и образование

Здружението на историчари на Република Македонија (ЗИРМ) утре во МКЦ, сала Фросина, со почеток во 12 часот, ќе се одржи научна трибина насловена како „Билатералните протоколи со Бугарија и импликациите за македонската наука и образование”. Трибината има за цел иницирање академска дебата со која ќе се адресираат импликациите на Билатералните протоколи со Република Бугарија за македонската наука и образование. На трибината говорници ќе бидат проф. д-р Митко Б. Панов, претседател на ЗИРМ, акад. Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ (воведно обраќање), aкад. Катица Ќулафкова, aкад. Ѓорги Поп Атанасов, проф. д-р Гордана Силјановска, проф. д-р Владимир Петрушевски, проф. д-р Биљана Ванковска, проф. д-р Наташа Котлар, проф. д-р Тодор Чепреганов, проф. д-р Илија Велев, проф. д-р Александар Атанасовски, проф. д-р Иванка Василевска и проф. д-р Елка Јачева Улчар.

error: Content is protected !!