Skip to content

(видео) Проф. Стојков од ОМО Илинден Пирин

Да ја кажеме вистината за Бугарија в очи, кој кого репресира и кој кого лаже!

Да ја кажеме вистината за Бугарија в очи, кој кого репресира и кој кого лаже!

30.01.2023

Да ја кажеме истината в очи за тоа кој кого репресира и кој кого го лаже во актуелните македонско – бугарски случувања, вели проф. д-р Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин, во врска со обвинувањата од Бугарија за злосторства кон Бугарите во Македонија.

– Нема ниедно документирано злосторство од Македонија кон Бугари за кои зборува бугарскиот министер Милков. Но, познати се злосторства што во фашистичкиот период од страна на Бугарија биле вршени и врз деца во Македонија. Се шират небулози за 200.000 злосторства кон Бугари. Во тие неверојатни лаги и небулози што ги шири Бугарија, секој Македонец што се борел за самостојна Македонија, и поради тоа бил репресиран во минатото, тие го претставуваат како Бугарин, рече Стојков.

Наспроти овие обвинувања од актуелната власт во Бугарија, историчарот Стојков, во краткото интервју за ТВ Сител, говори за вистинските злосторства и геноцидот што е вршен врз Македонците во Пиринска Македонија и Бугарија.

– Наспроти лагите од Бугарија за скратување на правата на Бугарите во Македонија, во Бугарија систематски се репресирани, праќани во логори, затворани, бркани од работа сите Македонци кои не сакале насилно да станат Бугари, вели Стојков.

Тој говори и за пресудите од Судот за човекови права што им се скратени во Бугарија, а кои Софија не ги спроведува.

Целото интервју со Стојков може да го проследите тука:

error: Content is protected !!