Skip to content

Македонска заедница во Австралија

Во Мелбурн одржано литературно читање

Во Мелбурн одржано литературно читање

06.02.2023

Македонското литературно друштво „Кочо Рацин” од Мелбурн одржа литературно читање во чест на својот патрон. Литературното читање се одржа во паркот во Тhomastown.

 “Читањето на литературни дела пред публика е значајно за оживување и одржување на ова уметничко јазично творештво. Коста Солев Рацин, нашиот патрон, најистакнатиот интелектуалец во Македонија во периодот меѓу двете светски војни на најемотивен начин го отслика животот на Македонецот во периодот во кој живеше, се бореше и твореше. За јазикот рекол, – тоа е голема сила на народот, на нацијата. Да му го земеш јазикот, тоа значи да му ја земеш душата, да го лишиш од неговиот национален персоналитет.

Jазикот е прв основен белег, лична карта на една нација по кој најлесно се разспознаваме во светот. Негувањето на сопствениот јазик значи постоење на еден народ кој може слободно да ги изразува своите мисли, чувства и дејствувања. Јазикот е богатство кое треба да го негуваме, и да го поттикнуваме неговото промовирање насекаде во нашата заедница во Викторија, истакна Горадна Димовска, претседателка на друштвото.

Читаа:

– Гордана Димовска – “Родниот јазик” и “Македонска градина” од Кирил Филев од Македонија.

– Дона Димовска Кантаровска, Извадок од книгата “Душа во огледалото” од младиот автор Бојан Тодоровски од Битола, и лични ставови за животот.

Љупчо Крстевски – избор од неговата поезија.

– Роза Трајкоска – поезија од Крсте Наумовски и Оливера Јовановска

– Лидија Стојановска – “Вез” од Гордана Димовска

– Љубица Пулески – Поеми :”Се обидувам”, “Не зборувај за љубов”, “Силна си”, “Одговор на моите молитви”,”Преспа”

– Емил Попордановски – од наградената збирка “Прегратките на љубовта”и нова поема под наслов “На сон посакав”.

error: Content is protected !!