Skip to content

Атанас Кирјаков до бугарскиот претседател Румен Радев

Во земјата во која треба да сме господари, ние Македонците сме робови!

Во земјата во која треба да сме господари, ние Македонците сме робови!

26.01.2023

Кога ќе престане Бугарија со јазикот на омразата кон етничките Македонци и Македонки во Пиринска Македонија и во цела Бугарија, кои се подложени на тотална асимилација и геноцид?

МАКЕДОНИЈА Е ВСЕЛЕНА, МАКЕДОНИЗМОТ Е СВЕТЛИНА!

Кога Бугарија ќе ги признае етничките Македонци и Македонки во Пиринска Македонија и во цела Бугарија?

Кога на листите за попис на населението во Бугарија ќе има графа за етничка припадност Македонец/Македонка?

Кога етничките Македонци и Македонки во Пиринска Македонија и во цела Бугарија ќе имаат право на свој културен и политички живот?

Кога Бугарија ќе престане со јазикот на омразата кон етничките Македонци и Македонки во Пиринска Македонија и во цела Бугарија, изложени на тотална асимилација и геноцид?

Стотици илјади етнички Македонци и Македонки од 1912 година до денес беа и сега се репресирани од бугарските власти: Отпуштани од работа, исклучувани од училиште и од факултет, прислушкувани, исмевани и изигрувани, следени, заплашувани, викани на распит во полиција, тепани, интернирани во далечните предели на Бугарија, затворани во затвори и во логори, убивани само поради тоа што се декларирале по народност Македонци и Македонки.

Кога бугарскиот суд ќе регистрира барем едно македонско здружение во Бугарија?

Кога Бугарија ќе му даде слобода и човекови права на Македонскиот народ во Пиринска Македонија и на етничките Македонци и Македонки во Бугарија?

Од 1990 година до денес Бугарија е осудена во Европскиот суд за човекови права во Стразбур дури 17 пати за нарушување и за газење на човековите права на етничките Македонци и Македонки во Бугарија!

Во земјата во која треба да сме господари, ние Македонците сме робови!

Алтернативата на овој систем не се разликува од одродувањето – социјална деградација, иселување, физичка смрт или безнадежен отпор во нерамноправен дуел со бугарските власти…

Атанас Кирјаков e претседател на ГК на ОМО Илинден од Благоевград

error: Content is protected !!