Македонско движење за промоција на мајчиниот јазик “Крсте Мисирков“
Бројот на Македонците во Хеленската Република зголемен за 10 години
25.09.2023
Македонското движење за промоција на мајчиниот јазик “Крсте Мисирков” од Лерин соопшти, дека малцинствата во Хеленската Република за 10 години во периодот 2002-2011 станаа побројни.
Тоа го содржи студијата на Европскиот парламент, која ќе биде претставена во Брисел за неколку дена.
Бројот на етничките заедници во Хеленската Република е во пораст најверојатно поради тоа што луѓето повеќе не се плашат од репресија на режимот.