Македонска заедница во Канада
Божикна женска забава во МПЦ „СВ.Илија“ во Мисисага

05.12.2022
Вчера во Македонската православна црква “Свети Илија” во Мисисага се одржа традиционалната Божикна женска забава. Со богата лотарија, одлична македонска кујна и прекрасни македонски песни и ора, организацијата на жените при Македонската православна црква “Свети Илија” во Мисисага го одбележа престојниот голем христијански празник Христовото рождество Божик.
И оваа забава помина со многу евоции на спомени во годината што помина, со желби за здравје и живот, мир и љубов, среќа радост и бериќет.