Skip to content

Амбасадите на Јапонија, Кина и Босна и Херцеговина со благодарници од Сојуз на стопански комори

Амбасадите на Јапонија, Кина и Босна и Херцеговина со благодарници од Сојуз на стопански комори

13.01.2023

Сојузот на стопански комори на Македонија додели благодарници за успешна соработка на Амбасадата на Јапонија, Амбасадата на Народна Република Кина и Амбасадата на Босна и Херцеговина со кои во изминатиот период успешно реализираше заеднички активности и проекти. Благодарниците ги примија амбасадорот на Јапонија во Македонија Казуја Отсука, амбасадорот на Босна и Херцеговина во Македонија, Драган Јаќимовиќ и Хе Бингхуа економски советник во Амбасада на Народна Република Кина во Македонија.

„Сојузот на стопански комори на Македонија како најголема деловна мрежа во нашата земја обединува околу 20.000 компании активни во сите економски сектори  и континуирано и посветено веќе 18 години активно дава придонес во застанување на нивните интереси и соодветно адресирање на предлози за креирање на подобри економски политики до надлежните институции. Додадена вредност во активностите на Сојузот исто така е и  меѓународната соработка која е особено важна имајќи во превид дека во услови на глобализација и дигитализација неопходно е бизнисите да развијат капацитети за учество на интернационалниот пазар, бидејќи во спротивно, гледано долгорочно, ја ризикуваат одржливоста на деловната активности. Во надминување на овој сериозен предизвик за домашните компании, значајни партнери за соработка на Сојузот покрај деловните мрежи од другите држави се и странските амбасади кои преку своите воспоставени релации и изградени капацитети за деловна дипломатија го унапредуваат процесот и влијаат на зголемување на економската соработка и трговската размена во меѓународните економски односи“, истакна потпретседателот на Сојузот на стопански комори, проф. д-р Орце Симов.

Со амбасадата на Босна и Херцеговина годинава беше организирано исклучително успешно претставување на нашите компании на Меѓународен саем „ИНТЕРАГРО 2022“, каде за прв пат нашата земја беше и партнер во организацијата. Како стратешки интереси за соработка со БиХ ги идентификуваме туристичкиот сектор како и сферата на металната, дрвната, прехранбената и текстилната индустрија. Блиска соработка остваруваме и со Амбасадата на Јапонија со која се работеше на унапредување на соработката во сектор туризам, а како особено значајна ја истакнуваме взаемната поддршка во реализација на активностите во рамките на Светската стопанска комора. Со поддршка на кинеската амбасада и амбасадорот се организираа неколку настани со главен фокус на креирање на можности за присуство на нашите компании на кинескиот пазар. Беше организирана посета на неколку домашни компании со цел да се презентира потенцијалот на нашите стопански субјекти. Исто така со цел промовирање на билатерална трговска размена преку зголемување на извозот на македонско вино, месо и други земјоделски и индустриски производи беше организиран и настан со Народна асоцијација за пријателство со странски земји на кинескиот град Тијанџин.

„Сојузот истакнува јавна благодарност и признание за она што успешно е реализирано во изминатиот период со цел да поттикне уште подобра соработка во периодот што доаѓа. Со особена чест и задоволство ги доделуваме овие признанија на тројца исклучителни амбасадори и три многу важни амбасади. Веруваме дека во периодот што следува ќе реализираме уште многу важни активности кои ќе имаат пошироко позитивно влијание за економскиот раст и развој“, истакна проф. д-р Симов.

error: Content is protected !!