Skip to content

Македонска заедница во Австралија

Алтона меџик, Њукасл санс, Рокдејл Илинден и Бродмедоу меџик победници на“МАСО КУП ‘2023“

Алтона меџик, Њукасл санс, Рокдејл Илинден и Бродмедоу меџик победници на“МАСО КУП ‘2023“

31.01.2023

По двегодишна пауза поради пандемијата со корона вирусот македонските фудбалски клубови од Австралија се сретнаа на традиционалниот фудбалски турнир “Масо куп“.

Изминатиот викенд осумнаесет македонски фудбалски клубови заедно со 34 екипи од цела Австралија одиграа 65 натпревари пред три илјади гледачи на традиционалниот турнир “Масо куп“, одржан во Њукасл, во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс.

Турнирот беше поделен на четири категории, а победници се Алтона меџик, Њукасл санс и Рокдејл Илинден во машка конкуренција, како и Бродмедоу меџик во женска конкуренција.

Алтона меџик од Мелбурн во наредните 12 месеци ќе го чува победничкиот пехар на Масо купот, откако го совлада Џелонг Македонија со 1-0 во Њукасл.

Пехарот на победничката екипа го предаде македонската амбасадорка во Австралија, Билјана Стефановска-Сековска.

Натпреварувањето на екипите од македонската заедница во Австралија беше организирано за првпат во 2008 година. Прв победник беше Алтона Меџик Вардар, а Рокдејл Илинден е рекордер со осум освоени пехари.

error: Content is protected !!