Skip to content

Шестото изборно собрание на Сојуз на здруженијата на Македонците и децата бегалци од егејскиот дел на Македонија-Македон

Александар Јаневски повторно избран за претседател

Александар Јаневски повторно избран за претседател

03.07.2023

Во сабота во Скопје се одржа Шестото изборно собрание на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН за мандатниот период 2023-2027 година.
За членови на работното претседателство на Шестото Собрание беа избрани Александар Јаневски, претседател, Тодор Петров, генерален секретар и Трајче Димков, потпретседател, за членови на верификационо-изборната комисија на Шестото Собрание беа избрани Емилија Дубарџиева, претседател, Бошко Божинов, член и Јован Костадинов, член, а за записничар Тодор Петров.
Собранието донесе Одлука за прием во членство на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН, на: Ансамблот за фолклор “Гоце Делчев“ – Битола, Здружението на Македонците од Егејска Македонија “Меглен“ – Градско, и Комитетот за човекови права на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола.
Собранието констатира дека Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија – Скопје, и Форумот за човекови права на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Скопје по свое барање истапуваат од членство во Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН.
Собранието го ратификува Меморандум за разбирање и координација склучен на 11 април 2023 година помеѓу Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Форумот за човекови права на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Скопје.
Собранието констатира дека Космополитската организација МАКТЕОН од Кочани, поради смрт на нејзиниот претседател Симеон Иванов Канго престана со работа.
Врз основа на овие изменувања и дополнувања, Собранието ја донесе Одлуката за прогласување на здруженијата во Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН: (1) Здружение за заштита на човековите права на прогонетите од Егејскиот дел на Македонија “Ѕвезда“ – Велес, (2) Здружение на Македонците од Егејскиот дел на Македонија “Свети Герман“ – Скопје, (3) Здружение на граѓани “Сонцето од Кутлеш“ – Скопје, (4) Здружение на граѓани “Леонида“ – Гевгелија, (5) Здружение на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола, (6) Роднокрајно здружение “Загоричани“ – Скопје, (7) Здружение на Македонците од Егејскиот дел на Македонија “Ластовица“ – Струмица, (😎 Здружение на прогонети Македонци и нивните потомци “Незаборав“ – Кочани, (9) Здружение на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија – Охрид, (10) Здружение на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија “Мирка Гинова“ – Штип, (11) Здружение на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија – Тетово, (12) Здружение на прогонети “Македонски Егеј“ – Штип, (13) Здружение на протераните Македонци од Егејскиот дел на Македонија – Прилеп, (14) Прилепско здружение на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и нивните потомци – Прилеп, (15) Здружение за одржлив развој на регионот Мариово – Прилеп, (16) Здружение на бегалци од Егејска Македонија БЕЛОМОРЦИ – Свети Николе, (17) Ансамбл за фолклор “Гоце Делчев“ – Битола, (18) Здружение на Македонците од Егејска Македонија “Меглен“ – Градско, и (19) Комитет за човекови права на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола.
Врз основа на предлог на Верификационо-изборната комисија, Собранието го верификува мандатот на пратениците во Собранието на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН за периодот 1 јули 2023 година – 1 јули 2027 година: (1) Од Здружението за заштита на човековите права на прогонетите од Егејскиот дел на Македонија “Ѕвезда“ – Велес: Бошко Божинов и Љубе Ључков, (2) Од Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија “Свети Герман“ – Скопје: Васка Дојчиновска и Ирена Борисовска, (3) Од Здружението на граѓани “Сонцето од Кутлеш“ – Скопје: Јован Костадинов и Нико Папазлатанов, (4) Од Здружението на граѓани “Леонида“ – Гевгелија: Емилија Дубарџиева и Тодор Петров, (5) Од Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола: Александар Јаневски и Гоце Кочов, (6) Од Роднокрајното здружение “Загоричани“ – Скопје: Никола Костадиновски и Васил Чулев, (7) Од Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија “Ластовица“ – Струмица: Ристо Тодоров и Лазар Атанасов, (😎 Од Здружението на прогонети Македонци и нивните потомци “Незаборав“ – Кочани: Ванчо Богоев и Димитар Параклиев, (9) Од Здружението на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија – Охрид: Олга Ристеска и Јован Чорбески, (10) Од Здружението на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија “Мирка Гинова“ – Штип: Стојан Димков и Трајче Димков, (11) Од Здружението на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија – Тетово: Трајче Карапетров и Ѓоко Стојковски, (12) Од Здружението на прогонети “Македонски Егеј“ од Штип: Марија Воденска и Николче Рунчев, (13) Од Здружението на протераните Македонци од Егејскиот дел на Македонија – Прилеп: Петре Кироваков и Васил Шопчевски, (14) Од Прилепското здружение на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и нивните потомци – Прилеп: Ванчо Исков и Гоце Бојкоски, (15) Од Здружението за одржлив развој на регионот Мариово – Прилеп: Ристо Николовски и Горан Исков, (16) Од Здружението на бегалци од Егејска Македонија БЕЛОМОРЦИ – Свети Николе: Аце Кузелов и Ристе Панев, (17) Од Ансамблот за фолклор “Гоце Делчев“ – Битола: Бранко Жежовски и Душко Настевски, (18) Од Здружението на Македонците од Егејска Македонија “Меглен“ – Градско: Мирјана Ѓорѓиева и Наце Иванов, и (19) Од Комитетот за човекови права на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола: Пеце Гаштаров и Петар Ваевски. Со верификацијата на мандатот, пратениците ги стекнаа правата, должностите и одговорностите утврдени со Статутот на Сојузот и Деловникот на Собрание¬то на Сојузот.
На Собранието присуствуваа четири гости: Сотир Лукровски и Јане Љоровски од Македонското патриотско здружение “В’мбел“, Александар Ѓорѓиев од Форумот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Скопје и Владимир Преселнички Чолаковски од здружението “Македонска зора“.
Верификационо-изборната комисија соопшти дека од вкупно 39 пратеници на Собранието присуствуваат 28 пратеници и Собранието може полноважно да работи и одлучува.
Собранието го усвои Извештајот за работа и Финансискиот извештај на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН за 2019-2023 година.
Собранието донесе заклучок сите здруженија членки на Сојузот секоја година до Претседателството на Сојузот да доставуваат годишна програма за тековната година и извештај за работа и финансиски извештај за претходната година, врз основа на што ќе биде составуван Извештајот за работа и Финансискиот извештај на Сојузот.
Верификационо-изборната комисија го извести Собранието дека за претседател на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН за периодот 2023-2027 година валидна е една кандидатура со изјава за прифаќање на кандидатурата од Александар Јаневски поднесена од 6 пратеници и од 6 здруженија – членки на Сојузот.
Со тајно гласање, за претседател на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН, за периодот од 1 јули 2023 година до 1 јули 2027 година, од вкупно 38 пратеници, од кои 28 присутни, Собранието со 24 гласа “за“ и три неважечки ливчиња, го избра Алексаданр Јаневски, досегашен претседател на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија.
Собранието за почесен претседател на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, го избра Стојан Димков, без ограничување на мандатот.
Собранието донесе одлука за определување на седум потпретседатели на Сојузот, а за потпретседатели за периодот од 1 јули 2023 до 1 јули 2027 година ги избра (1) Трајче Димков, (2) Јован Костадинов, (3) Бошко Божинов, (4) Петре Кироваков, (5) Трајче Карапетров, (6) проф.д-р Ѓорѓи Малковски и (7) Лилјана Затуроска.
Врз коснова на предлог на претседателот на Сојузот, за генерален секретар и благајник на Сојузот за периодот од 1 јули 2023 година до 1 јули 2027 година Собранието го избра Тодор Петров, генерален секретар и благајник на Сојузот и во периодот 2019-2023 година.
Врз основа на предлог на претседателот на Сојузот, Сосбранието донесе Одлука за избор на координатори на Сојузот за периодот 1 јули 2023 година до 1 јули 2027 година за: (1) Трајче Димков, координатор за граѓански, имотни и наследни права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија, (2) Бранко Жежовски, координатор за култура и одбележување на значајни датуми настани и личности, и (3) Јован Костадинов, координатор за спорт.
Собранието едногласно донесе одлука за прогласување на составот на Претседателството на Сојузот за периодот од 1 јули 2023 година до 1 јули 2027 година: (1) Александар Јаневски, претседател на Сојузот, (2) Стојан Димков, почесен претседател на Сојузот, (3) Трајче Димков, потпретседател и координатор за граѓански, имотни и наследни права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија, (4) Јован Костадинов, потпретседател и координатор за спорт, (5) Бошко Божинов, потпретседател, (6) Петре Кироваков, потпретседател, (7) Трајче Карапетров, потпретседател, (😎 проф.д-р Ѓорѓи Малковски, потпретседател, (9) Лилјана Затуроска, поранешна пратеничка во Собранието на Македонија, (10) Тодор Петров, генерален секретар и благајник на Сојузот, и (11) Бранко Жежовски, координатор за култура и одбележување на значајни датуми настани и личности.
Собранието донесе одлука за избор на претседател и два члена на надзорниот одбор на Сојузот за периодот од 1 јули 2023 година до 1 јули 2027 година: (1) Емилија Дубарџиева, претседател, (2) Пеце Алабаков, член и (3) Трајче Карапетров, член.
За именување членови на Координативното тело за егејското прашање при Министерството за надворешни работи на Македонија, Собранието ги именува: (1) Александар Јаневски, (2) Тодор Петров, (3) Трајче Карапетров, (4) Трајче Димков, и (5) Ацо Кузелов.
Собранието донесе одлука за именување на Александар Јаневски и Тодор Петров, за потписници на банкарските сметки на Сојузот. Платните налози се валидни со потписот на двајца потписници.
Собранието ја донесе Програмата за Шестата светска средба на децата бегалци и насилно прогонети од Егејскиот дел на Македонија 2023 година
Собранието едногласно донесе Резолуција за насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија.
Собранието донесе одлука за формирање на комисија за утврдување на доселените Македонци од Егејскиот дел на Македонија во Република Македонија во периодот од 1944 до 1953 година, под претседателство на проф.д-р Ѓорѓи Малковски. Нотиран е предлог за член во оваа комисија – д-р Бранислав Светозаревиќ. Составот на комисијата ќе биде определен дополнително.
Собранието донесе одлука за поставување спомен-плоча за насилно протераните Македонци од Грција во месната заедница Булќиз (поранешен Маглиќ) во Србија и организирана посета на населеното место.
Со тоа состанокот заврши.
error: Content is protected !!