Skip to content

50-та Гоцева вечер во Канада

Академик Коцарев повика на обединување од Торонто

Академик Коцарев повика на обединување од Торонто

06.02.2023

Во организација на „Обединети Македонци“ од Канада на 4 февруари, во македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто, се одржа 50-та годишна Гоцева вечер. Главен гостин на Гоцевата вечер беше претседателот на Македонсата академија на науките и уметностите проф.д-р Љупчо Коцарев.

– Повикувам на обединување околу Македонската академија на науките и уметностите за спас на државата и нацијата, – рече во своето поздравно обраќање академик проф.д-р Љупчо Коцарев, пренесувајќи топли и искрени поздрави од татковината Македонија.

Присутните ги поздрави претседателот на органзиацијата „Обединети Македоцни“ во Канада, Драги Стојковски, а вечерата ја благословија свештеници од Македонската православна црковна општина „Свети Климент Охридски“ во Торонто.

Присутните ги забавуваше групата „Соња и Оливер“ со Стив Штуревски со македонски песни и ора, а домаќинките од црквата приготвија богато македонско мени.

error: Content is protected !!