Skip to content

Македонска заедница во Швајцарија

Академик Коцарев на „Заедно за Македонија“ во Вилмерген

Академик Коцарев на „Заедно за Македонија“ во Вилмерген

17.05.2023

Македонскиот национален совет – Швајцарија на 20 мај, во Вилмерген организира свеченост во рамките на манифестацијата „ЗАЕДНО ЗА МАКЕДОНИЈА“.
Специјален гостин на манифестацијата е академик д-р Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ. Гостите на свеченоста се и д-р Бранимир Светозаревиќ и проф. д-р Наташа Котлар.
На прославата ќе присуствуваат и познати и истакнати Македонци од Тичино, на кои ќе им бидат доделени признанија за долгогодишно афирмирање на македонската култура, јазик, спорт и традиција во Швајцарија: Ане Тимовска Митрева, наставничка по дополнителна настава на македонски јазик во Локарно, Муралто и околните места; Жане Гогова, претставник од МПЦО „Пресвета Богородица“ Локарно која ќе прими благодарница во името на Трајко Ковачев, Претседател на Црковниот Одбор; Мите Петров, Претседател на ФК Македонија Локарно.
„Ова е извонредна можност да се дружиме, да се запознаеме и да поразговараме лично со една научна големина и со еден голем Македонец како него и да слушнеме што господинот Коцарев има да ни порача,  вели Гонца Перунковска, координатор за култура за Кантон Тичино при МНС.
На манифестацијата на МНС ќе бидат присутни претставници на различни македонски друштва во Швајцарија, ќе бидат доделени признанија за заслуги на истакнати поединци и претставници на друштва кои се активни во Швајцарија и на претставници од Македонската Црковна Општина.
Фолклорот на забавата ќе го збогатат играорките и играорците од КУД „Св. Наум Охридски“, а за музичкиот дел ќе се погрижат оркестарот „МЕРАКЛИИ“ со нивната мераклиска, ем за душа музика.
error: Content is protected !!