Skip to content

Матица на иселениците од Македонија

Академик Катица Ќулафкова ќе ја отвори 53. Семакедонска средба Трново 2024

Академик Катица Ќлафкова ќе ја отвори 53. Семакедонска средба Трново 2024

25.07.2024

На 2 август, на големиот христијански празник Илинден и Денот на државноста на Македонија, во дворот на црквата “Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново, битолско, ќе се одржи традиционалната 53. СЕМАКЕДОНСКА СРЕДБА ТРНОВО 2024!
На Семакедонската средба се очекуваат Македонци од сите делови на Македонија, од светот и татковината.
Семакедонската средба започнува во 10.30 часот а ќе трае до 12.30 часот, по што ќе продолжи со општонародна веселба. Од 7.30 до 10.30 ќе се одржи света богослужба во црквата “Успение на Пресвета Богородица“, присутните можат да присуствуваат.
53. Семакедонска средба ќе ја отвори академик Катица Ќулафкова, а присутните ќе ги поздрават градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски како покровител на Средбата, организаторите, како и претставници на Македонците од соседните земји.
Подготвена е богата културно-уметничка програма во која ќе учествуваат Културно-уметничкото друштво “Гоце Делчев“ од Битола и естрадни уметници.
Со сите разлики помеѓу нас Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во татковината и во светот, само Македонија е нашиот еден и единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот еден и единствен заеднички содржател! Со Македонија не’ има, без Македонија сите заедно ќе не снема! Затоа, организаторите повикуваат на семакедонското помирување и обединување, бидејќи во единството е силата за одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на народот Македонски!
Организатори на 53. Семакедонска средба се Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес.
Организаторите упатуваат јавна покана до сите Македонци, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината! Повелете!
error: Content is protected !!