Македонска заедница во Австралија
Њукасл домаќин на Масо куп 2023
27.01.2023
Традиционалниот Македонски фудбалски куп на клубовите од македонската заедница во Австралија за 2023 година ќе се одржи во Њукасл од 27 до 29 јануари. Организатори и домаќини се фудбалските клубови Броадмедоу Меџик и Њукасл санс.
Традицијата после паузата поради Ковид-19 продолжува бидејќи Македонскиот фудбалски куп е ретка можност да се соберат речиси сите клубови од македонската заедница и преку спортски и културни настани, гордо да се истакне македонското наследство и потекло на Денот на Австралија.
Годинава на Македонскиот фудбалски куп се очекува да настапат 18 клубови што го прави најмасовен досега. Покрај учеството на првите тимови на турнирот ќе настапат екипи со резервните тимови како и во женска конкуренција а нема да изостанат и натпреварите за фудбалери над 35 години.
Македонскиот фудбалски куп на екипите од македонската заедница во Австралија за прв пат се одржа во 2008 година. Прв победник беше Алтона Меџик Вардар а рекордер со 7 освоени пехари е Рокдејл Илинден.
Полуфиналните и финалните натпревари се играат во недела.
Рокдејл Илинден победник од 2020 година и рекордер со 7 освоени пехари на Масо куп Credit