Skip to content

Македонска заедница во Албанија

ЦИК  го поправи плакатот за македонското национално малцинство

ЦИК  го поправи плакатот за македонското национално малцинство

18.01.2023

По острата реакција на Македонското друштво “Илинден“ од Тирана, Централната изборна комисија на Република Албанија го корегираше плакатот од програмата посветена на изборна едукација на припадниците на националните малцинства, на нивните јазици, а во пресрет на локалните избори кои ќе се одржат на 14 мај 2023 година.

На едукативниот изборен плакат наместо “национално малцинство на Република Северна Македонија“ сега стои “Македонско национално малцинство“!

Македонското друштво “Илинден“ од Тирана изрази благодарност до Централната изборна комисија на Република Албанија за брзото решавање на навредливиот изборен плакат.

Македонското друштво “Илинден“ од Тирана потсети дека Македонците веќе се нотирани во Законот за заштита на националните малцинствата и официјално се признати како Македонско национално малцинство!

Светскиот Македонски Конгрес упатува искрени честитки за неуморната и постојана борба на Македонското друштво “Илинден“ од Тирана во заштитата и афирмацијата на етничкиот, јазичниот, културниот, историскиот, верскиот и државниот иденитетот, конитнуитет и наследство на Македонците во Република Албанија!

error: Content is protected !!