Skip to content
На денешен ден е роден Блаже Конески

Филолошкиот факултет го чествуваше својот патрон

320789446_732699344939254_3815742169694287735_n

19.12.2022

На денешен ден е роден Блаже Конески. Филолошкиот факултет го чествува својот патрон и 101 година од раѓањето на стожерот на институцијата.
„Нека ни е честит денот на нашиот патрон, големиот великан Блаже Конески (19.12.1921 ‒ 8.12.1993)! Денес чествуваме 101 година од неговото раѓање. Блаже Конески е стожер на нашата институција, темелник на современиот македонски јазик, основоположник на македонистиката и на македонската филологија, еминентен професор, лингвист, литературен историчар, научник и писател со бележита меѓународна репутација, член на неколку академии на науките и уметностите, почесен професор на низа еминентни универзитети, лауреат на значаен број македонски и меѓународни награди и признанија, поет, прозаист, есеист, публицист, преведувач“, велат од Филолошки факултет.
error: Content is protected !!