Македонска заедница во Малта
Уписи за часови по македонски јазик
![Уписи за часови по македонски јазик Уписи за часови по македонски јазик](https://maticanaiselenici.com/wp-content/uploads/2023/08/368355694_254396870793097_1850054878516895963_n-e1692697090355.jpg)
22.08.2023
Во Малта започнаа уписите за часови по македонски јазик кои и оваа година ќе ги води Розита Закева, професор по македонски јазик и литература, а ќе се одржуваат во просториите во Хотел Топаз во Сент Пол.
Уписите за 2023/2024 учебна година се за две групи:
1.Мала група од 4 – 6 години, а часовите ќе се одржуваат секоја сабота од 12.00-13.00 часот.
2.Голема група од 6 – 17 години, а часовите ќе се одржуваат секоја сабота од 13.00 – 15.00 часот.
3. Можност за индивидуални часови и формирање на група за возрасни.
Првиот училишен час е закажан за 9-ти септември во 12.00 часот.
За повеќе информации на телефон 77317360.