Тодор Живков го негира постоењето на Македонци во Бугарија
08.11.2022
Она што се знаеше, а практиката во последниве години го потврдуваше, сега доби и јавна потврда од највисоко место: во изјавата пред новинарите при неговата посета во Атина претседателот на Дрнжавниот совет на НР Бугарија и прв секретар на Централниот комитет на БНП, Тодор Живков, го оспори постоењето на македонското национално малцинство во Бугарија. Сето тоа не претставуваше ништо ново за бугарската политика која последниве десетина години презема се’ што е во нејзина моќ да ја ревидира повоената и не само повоената политика на Бугарската комунистичка партија кон Македонија и македонската нација и посебно нон македонското национално малцинство во Бугарија, за што, покрај другото, говорат мерките околу пописите на населението во Бугарија, како и максималното ангажирање на сите пропагандни средства и на историографијата тезата за непостоењето на македонската нација да добие своја „научна“ подлога.
И, ако во изнесените ставови наоѓаме само јавна потврда на практиката, сепак заслужува внимание каде е тоа речено и како е речено.
Познато е дека последниве години за бугарските ставови кон Македонија, македонската нација и македонското национално малцинство од наша страна се изречени многубројни јавни забелешки. Освен кога стануваше збор за Пиринска Македонија и тоа само во некои одделни случаи, бугарското раководство упорно одбегнуваше јавно да ги изнесе своите ставови. Таа практика сега е напуштена со изнесувањето на ставовите во трета земја, што само по себе е мошне индикативно. Очигледно, намерата е, не на бугарската, ами и на грчката политичка јавност, а преку неа и на југословенската и на светската, да и се стават на знаење бугарските ставови и политика за некои проблеми од заемните односи, кои заради политичкиот пристап и цели долго време во историјата биле, а како што гледаме и денес се камен на сопнување и ги обременуваат заемните односи, наместо низ нивното принципиелно и доследно разрешување да стануваат поттик за соработка и пријателство, да ја јакнат меѓусебната доверба во духот на меѓународните принципи и посебно во духот на штотуку завршената конференција за европска безбедност и соработка во Хелсинки.
Декларацијата дека Бугарија кон другите свои соседи нема територијални претензии, секако треба да се поздрави. Тоа, впрочем, и досега сме го слушале во една или друга прилика. Но, очигледно е дека таквата декларација, за да добие своја потврда, треба да ја менува и практиката, а таа, како што знаеме, не се совпаѓа со јавно изнесените ставови. Имено, во Бугарија, особено последниве години, во тек е мошне широка активност, во која се ангажирани практично сите научни институции да се „докаже“ дена Македонците по националност се Бугари, т. е. дека не само во Пиринска Македонија, ами на територијата на цела Македонија и особено во СР Манедонија живее бугарсно население. Ако се проследат поуките што историјата ги дала не еднаш, лесно може да се заклучи дека токму таквиот пристап на бугарската буржоазија бил појдовна основа за територијални претензии кон Македонија, тоа била основа од која се тргнувало во завојувачки походи. Впрочем, тоа е основата за така наречената Санстефанска Бугарија која денес се оживува во бугарските научни публикации како „идеал“ кон кој треба да се стреми бугарскиот човек. Оттука не се случајни нашите укажувања дека негирањата на постоењето на македонската нација, т. е. танакаречената „историска дебата“ за минатото на Македонија и македонскиот народ, не е историски, ами дневно-политички проблем, дневно политичка потреба на денешната бугарска политика. Бидејќи, што се однесува до историјата, таа веќе одамна го има кажано својот збор: со создавањето на Социјалистичка Република Македонија во рамките на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, со национално-ослободителната борба на македонскиот народ, нашата народноослободителна борба и социјалистичка револуција, со сестрана афирмација на македонската нација.
И токму заради сето тоа, нашето внимание го привлекуваат и некои други ставови изречени во изјавата. Колку што досега можевме да сфатиме, бугарската политика својот однос кон националното прашење во Бугарија го оправдуваше со мариксистичкото учење за нацијата, со Лениновата политика по националното прашање. А Ленин, како што е познато, укануваше особено на две работи: на борбата на работничката класа за доследно признавање на правото на секоја нација на слободен национален живот, односно на водење на таква политика која докрај и доследно ќе ја почитува националната рамноправност без разлика на бројноста на нациите. Таа битка што ја водеше Ленин и што ја извојува е една од основите на класната битка на работничката, класа, особено во повеќенационалните заедници, каква што, впрочем е и Бугарија.
Затоа зачудува фактот што барањето за почитување на националниот идентитет на нашето национално малцинство сега се квалификува како мешање во внатрешните работи, иако бугарската политика низа години ги почитуваше националните права на македонсното малцинство не само низ Уставот и законите на земјата, ами исто така и низ својата практика. Сега, меѓутоа, не само што се оспорува неговото постоење, туку се сугерира неговата асимилација и таа политика сосема отворено и се нуди на соседна Грција како единствено решение за македонското национално малцинство, т. е. за неговото бришење од етничката карта во обете земји. Не можеме да сфатиме која е причината за такво експортирање на својата политика во друга земја, особено во современите услови и со современите движења на Балканот кои даваат можност за мирно разговарање по сите отворени прашања и за барање решенија кои „по наше длабоко убедување, им одговараат на трајните интереси на сите балкансни народи, на мирот и мирољубивата соработна во светот воопшто.
Потребата од принципиелно разрешување на отворените проблеми, што секако ги обременуваат меѓусебните односи, се таксува со диктат. Не е наше да влегуваме во бугарско-советските односи, односно бугарско-америнанските односи, во тоа дали Софија е готова да прима диктат од Москва или Вашингтон. Меѓутоа, нашата земја во односите со Бугарија никогаш не се служела со диктати, ниту тоа е во сообразност со нашата надворешна политика, која секогаш тргнувала од доследното почитување на суверенитетот на секоја земја и рамноправноста во заемните односи. Тој принцип доследно е применуван и во односите со Бугарија. Но, имаме впечаток дека, одбивајќи го наводниот диктат од Белград, се сака да ни се сугерира диктат од Софија за тоа што сме и што треба да бидеме, т. е. дена југословенско-бугарските односи ќе можат да се развиваат само ако ги прифатиме софиските ставови за Манедонија и за македонското национално малцинство во Бугарија. Одвај ли треба да се истакнува какви биле и какви се југословенските ставови за диктатите од тој род, бидејќи тие се доволно познати.
Очигледно е дека на балканскиот простор многубројни прашања бараат свое решение. Едно од нив е и положбата и националните права на македонското национално малцинство во соседните земји, како крупна претпоставка за создавање на неопходна доверба во меѓусебните односи. Заобиколувањето на вистината, а уште повеќе на стварноста, тешко може да се оправда со една или друга формулација. Времето го бара своето и колку брзо ќе и се погледне на вистината в очи, толку е подобро за сите балкански народи, за нивната соработка и пријателство, за мирот во овој дел на светот.
Архив, Илустрирано списание на Матицата на иселениците од Македонија, „Македонија“, бр. 278, јуни 1976