Театар „Пи“ освои две награди на ФАТ 2022
21.12.2022
Театарот „Пи“ од Скопје, предводен од актерите Златко Митрески и Македонка Илиевска со претставата „Ништо не е страшно“ освоија две награди на фестивалот ФАТ 2022. Награда за најдобра режија за Златко Митрески и Македонка Илиевска, а втората за синергија за актерска игра за истата претстава. Во претставата учествуваат лица со интелектуална попреченост од ЦПЛИП Порака Скопје.
Софискиот фестивал на авторски театар – ФАТ 2022 се одржа од 16 до 18 декември, а како што информираат од Театарот „Пи“, на фестивалот имале голема конкуренција на професионални театри, како „Сатиричниот театар Софија“ , Театар 199, VOX POPULI, Театар „Драмеди“ и други.
На фестивалот актерот Златко Митрески оддржа театарски работилници за методот и начинот на создавање на авторски театар, како и проекција на документарниот филм на Театар Пи „Прозорците што се смеат“.