Македонска заедница во Словенија
Творештвото на Боге Димовски на „Прешерново оро“ во Крањ
![Творештвото на Боге Димовски на „Прешерново оро“ во Крањ Творештвото на Боге Димовски на „Прешерново оро“ во Крањ](https://maticanaiselenici.com/wp-content/uploads/2023/02/325929915_742715393796061_4799088343202376169_n-e1676029189746.jpg)
10.02.2023
Утре во Македонскиот културен центар во Крањ ќе биде отворена изложба на академскиот сликар Боге Димовски. Изложбата е во организација на МКД „Кирили и Методија“ од Крањ, а во рамките на манифестацијата „Прешерново оро“.
На отварање на изложбата ќе биде претставена и збирката поезија „Сребрени ноќни игри и Заробеници на ветрот“ на првата македонска поетеса Даница Ручигај, во препев на Маја Ковач.
Изложбата ќе биде отворена до вторник од 10 до 17 часот.