Здружение на македонците во Војводина
Стихови на Рацин, Конески, Шопов и Поповски се читаа во Нови Сад
![Стихови на Рацин, Конески, Шопов и Поповски се читаа во Нови Сад Стихови на Рацин, Конески, Шопов и Поповски се читаа во Нови Сад](https://maticanaiselenici.com/wp-content/uploads/2023/05/349729642_3427874780835279_3568240037487330274_n-e1685355096460.jpg)
29.05.2023
Во рамките на 17. Манифестација “ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ВО НОВИ САД” вчера вечер во просториите на Друштвото на писателите на Војводина беше реализирана Литературно-поетска вечер на која се одржа предавање за јазикот, а присутните уживаа во интерпретацијата на убавите стихови на нашите истакнати поети: Кочо Рацин, Блаже Конески, Ацо Шопов и Анте Поповски.