Македонска заедница во Швајцарија
Состанок на Македонскиот национален совет во Швајцарија
11.12.2023
Денес, во просториите на Македонската православна црковна општина “Свети Наум Охридски“ во Тринген, се одржа состанок на Македонскиот национален совет во Швајцарија (МНС).
На состанокот присуствуваа претставници на повеќе македонски друштва и црковните општини во Швајцарија.
На состанокот на Македонскиот национален совет во Швајцарија присуствуваа: Илчо Китанов претседател на МНС, Никола Мирчев претседател на МДД “Македонија” од Ешалан, Богдан Коцев почесен член на МНС и еден од основачите на МПЦО “Свети Наум Охридски” во Тринген, Павле Велков претседател на МПЦО “Сите Македонски Светители” во Лозана, Ердован Етоски претседател на друштвото “МАК-МЕЛ” Бургдорф и благајник на МНС, Гонца Перунковска заменик претседател на МНС, Гордана Павлова Ѓуриќ заменик благајник и секретар на МНС и член на КУД “Свети Наум Охридски” во Тринген и член на ОЖМ, Марјан Маџовски потпретседател на друштвото “Пијанец” во Pouiduh, Зоран Костадинов член на МДД “Македонија” во Ешалан, Лазо Спасов член на МДД “Македонија” во Ешалан, Никола Мицев член на Македонското друштво “Кирил и Методиј” во Баар, Ванчо Соларов од МПЦО “Свети Наум Охридски” во Тринген, Васе Јованов член на МПЦ “Сите Македонски Светители” во Лозана и член на МДД “Македонија” во Ешален, и Гиле Митров член на МНС.
На состанокот на Македонскиот национален совет во Швајцарија беа предложени повеќе иницијативи и предлози за семакедонско обединување, соработка, размена на искуства и информации и за координација на македонските друштва и црковни општини во Швајцарија.