Промоција во библиотеката А.Н. Толстој во Москва
„Силјан Штркот“ преведен на руски
![„Силјан Штркот“ преведен на руски „Силјан Штркот“ преведен на руски](https://maticanaiselenici.com/wp-content/uploads/2023/05/347004978_501114888806838_4259699695286500262_n-e1684143007445.jpg)
15.05.2023
Приказната на Марко Цепенков „Силјан Штркот“ е објвена на руски јазик во превод од Олга Панкина. Книгата беше промовирана во библиотеката „А.Н. Толстоj” во Москва, во рамките на проектот „Читаj ја Македонија!”.
Панкина, која е позната како популаризатор на македонската литература и култура во Русија, вели дека „Силјан Штркот“ е единствено дело од Цепенков досега објавено на руски јазик.
Покрај приказната, во книгата е обjавен и есеj насловен „Штркот единак и неговото јато” на Митко Маџунков кој, меѓу другото, истакнува дека „тоа не е волшебна приказна, бајка во која сè е можно (или барем таквите елементи се сведени на минимум), туку прецизна парабола за човековата судбина во која сите детали се во функција на основната идеја”.