Skip to content
Во пресрет на Св. Климент

Се одржа вечерна богослужба во Македонската православна богословија

318189649_127831430116309_3231607192484531928_n

09.12.2022

Во вторникот, (6 декември) Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, присуствуваше на Вечерната богослужба со која, по 55-ти пат, започна прославата на патрониот празник на Македонската православна богословија, „Свети Климент Охридски“
Празнувањето започна со Архијерејска вечерна богослужба во храмот „Вознесение Христово“ – Драчево, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј во присуство на Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Ахриепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, Ректорот на Богословијата Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископот Велички г. Јаков.
318509928_127831150116337_6942145098744754695_n
318200143_127831140116338_8081017250600181273_n
По Вечерната богослужба, се одржа свечена академија во МПБ која започна со благословување и прекршување на празничниот колач од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.
Свеченоста продолжи со поздравното слово од страна на проф. м-р Трајче Јанков, а истата беше збогатена со настап на хорот при МПБ раководен од проф. Игор Величковски, а беа наградени и темите и песните напишани од учениците по повод патронатот. На крајот пред присутните се обрати и ректорот Митрополит Повардарски г. Агатангел, кој му се заблагодари на св. Климент Охридски за застапништвото и молитвите.
318199461_127830996783019_7419478142555695248_n
318425232_127831320116320_6945845447887810174_n
error: Content is protected !!