Свечена академија по повод Св. Сава
![Свечена академија по повод Св. Сава Свечена академија по повод Св. Сава](https://maticanaiselenici.com/wp-content/uploads/2023/01/323695790_565379532174788_776424112124934895_n.jpg)
27.01.2023
Со централна манифестација, свечена Светосавска академија, вечерва во Македонскиот народен театар ќе биде одбележан националниот празник на Србите во земјава – Денот на српскиот просветител Свети Сава.
Како што информираа од Српскиот културен центар во Скопје, Академијата ќе започне во 19 часот,
На Светосавската академија е предвидено обраќање на високи официјални претставници од државава, како и од Србија и од Република Српска.
Во соопштението се наведува дека со богата културно-уметничка програма ќе биде претставена културата, духовноста и традицијата на српскиот народ