Македонска заедница во Србија
Свечена Академија за денот на Националниот совет на македонците во Србија
19.12.2022
Сои Свечена академија што се одржа во Домот на културата „Кочо Рацин” во Јабука, Националниот совет на Македонците во Србија го одбележа Македонскиот ден во Србија.
На повеќе здруженија на Македонците во Србија, Националниот совет на Македонците во Србија им додели признанија за нивната успешна работа и постигнати резултати во афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен и историски идентитет во Србија.
На академијата присуствуваа и децата Македонци од Јабука на кои наставата им се изведува на мајчин македонски јазик.
За присутните беше од организирана богата културно-уметничка програма и пригодна закуска со македонски традиционални јадења.