Друштво на Македонците во Романија
Работилница за плетење ракотворби
![Работилница за плетење ракотворби Работилница за плетење ракотворби](https://maticanaiselenici.com/wp-content/uploads/2023/09/381398871_275405672025550_679534819902151887_n-e1695897161173.jpg)
28.09.2023
Во просториите на Друштвото на Македонците во Романија од Темишвар, младите членки ја продолжуваат традицијата за изработка на плетени ракотворби преку организирање на работилница во просториите на друштвото.
– Ги одржуваме во живот вештините за плетење на нашите баби, а децата добиваат совети од нашите повозрасни члеки на друштвото. Часовите поминати заедно носат радост во сечија душа, велат од Друштвото на Македонците во Романија од Темишвар.