Македонска заедница во Хрватска
Работилница за македонска храна во Осиек
![Работилница за македонска храна во Осиек Работилница за македонска храна во Осиек](https://maticanaiselenici.com/wp-content/uploads/2023/02/331037574_754242676117660_5275118992191098309_n-e1676370278815.jpg)
14.02.2023
Во просториите на МКД „Браќа Миладиновци“ во Осиек, Хрватска се одржа интересна работилница за подготовка на миризливи пити и погачи на македонски начин. Работилницата ќе се одржи и следниот петок, а поради голем интерес ќе има уште неколку термини. Ако ве привлекоа фотографиите, дојдете почувствувајте ги мирисите и вкусовите и совладајте ги новите кулинарски вештини.