Skip to content

Започна „Самит Македонија 2025“

Просперитетни Економии преку дигитализација и стратешко лидерство

Просперитетни Економии преку дигитализација и стратешко лидерство

26.04.2023

Од денес во Скопје се одржува „Самит Македонија 2025“. Фокусот на годинaшниот Самит е просперитетни економии преку општествена трансформација, дигитализација и стратешко лидерство. На официјалното отворање на Самитот на учесниците им се обратат премиерот Димитар Ковачевски и извршната директорка на „Македонија 2025“ Никица Мојсоска-Блажевска.
На 12-тото издание на овој престижен регионален настан, во вкупно 13 панели со актуелни теми, своите богати искуства и знаења ќе ги споделат 40-тина врвни говорници.
На затворањето на Самитот, како што е најавено, ќе се обрати претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.
„Самитот Македонија 2025“ е врвен регионален собир кој служи како платформа за споделување знаење, поврзување на организациите и инспирација за промени во Југоисточна Европа. Секоја година на Самитот присуствуваат креатори на политики, лидери на компании кои работат во регионот, членови на дипломатскиот кор и на меѓународни организации, како и претставници на академската и на граѓанската заедница.
error: Content is protected !!