Skip to content

Македонска заедница во Канада

Прослава на василица во „Св. Недела“ во Ејџекс

Прослава на василица во „Св. Недела“ во Ејџекс

17.01.2023

Во неделата на 15 јануари напладне во организација на Македонската православна црковна општина „Света Недела“ во Ејџекс, се одржа традиционалниот ручек и забава во чест на Василица – Македонската православна нова година.

По свечениот ручек подготвен во црковната кујна, раководена од една од најдобрите професионални готвачки, Марија Ангелевска, во банкетната сала отпочна и забавниот дел.

На почетокот, благословот за среќна нова православна година го пренесе парохискиот свештеник отец Александар Зашов, а по него свое обраќање имаше претседателот на црковната управа и еден од најактивните претседатели во македонската заедница во Канада, Славе Бунтески. Бунтески во својот говор изрази огромна благодарност до сите свои соработници, парохијаните, неговата сопруга Зора, за поддршката и истрајноста во сите цели и планови и им посака оваа година на сите да им донесе многу повеќе здравје и среќа.

Претседателката на женската секција при црковната општина, Милица Попоска, не ја криеше својата радост што за Василица повторно како некогаш се собраа верниците, црквата живее и ќе напредува. Златната паричка од продадените мазници подарена од Дафина Христова ја доби Ристана Младенова.

Во зававниот дел настапија музичките уметници Стив Штуревски, Соња и Оливер Бенд, Стојне Николова и Бобан Мојсоски.

За потсетување, на 28-ми јануари МПЦО “Света Недела“ организира донаторска вечер за помош и обнова на манастирот Света Марена, во Туминец, Мала Преспа. Добредојдени се сите Македонци.

error: Content is protected !!