Skip to content

Во Пустец, Албанија

Почна проектот за уредување на село Глобочани, родното место на Стерјо Спасе

Почна проектот за уредување на село Глобочани, родното место на Стерјо Спасе

23.12.2022

Во куќата музеј на Стерјо Спасе, во селото Глобочани, општина Пустец, се одржа средба на партнерите од Албанија и Македонија како и претставници од ЕУ за почеток на проектот SMART4YOU2.

Проектот опфаќа санација и уредување на плоштадот во центарот на Глобочани, каде се наоѓа и споменикот на Стерјо Спасе, како и  патот до музејот. Истиот е подготвен од општина Пустец со техничка поддршка на Регионалната дирекција за култура на округот Корча и ќе се реализира со финансиска поддршка на Европската Унија, Министерството за култура на Албанија и на Македонија во рамките на проектот „Smart4you2″, информира Пали Колефски, градоначалник на Пустец.

Целта на проектот е  да го зголеми туристичкиот потенцијал на Преспа преку создавање олеснувачка инфраструктура за поврзување на центарот на селото Глобочани со Куќата музеј на Стерјо Спасе.

Музејот беше отворен во март годинава и станува се почеста дестинација за туристите а се одржуваат и настани од значење на Македонците. На средбата присуствуваше Министерката за култура на Македонија Бисера Костадиновска – Стојчевска, македонскиот амбасадор во Тирана Данчо Марковски, градоначалникот на Битола Тони Коњановски, градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, Нертил Јоле, префект на округот Корча и претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски.

Стерјо Спасе родум е од селото Глобочани, едно од селата во општина Пустец населени со Македонци. Тој е еден од најпознатите писатели во Албанија, чиј познат роман „Зошто” го најавил создавањето на современа литература во Албанија.

error: Content is protected !!