Skip to content
Епархиско свешетеничко собрание на МПЦЕАНЗ во Мелбурн

Потпишана Декларација против промена на уставното име на МПЦ-ОА

318766077_127328366833282_3161834325535810097_n

08.12.2022

Денес во Мелбурн, Австралија, Македонската Православна Црква Епархија за Австралија и Нов Зеланд (МПЦЕАНЗ) отслужи света архиерејска Литургија и одржа Епархиско свештеничко Собрание на кое беше потпишана Декларација против промена на уставното име на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, информира протојереј Миле Талески.
Во продолжение целосната информација на протојереј Миле Талески
Во
07 декември / 24 ноември 2022
Протоереј Миле Талески
Денес во Македонската Православна Црква Епархија за Австралија и Нов Зеланд (МПЦЕАНЗ), во Мелбурн, Австралија, се отслужи света архиерејска Литургија и се одржа Епархиско свештеничко Собрание под претседателство и раководство на Високопреосвештениот Митрополит Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, на коешто, покрај посебните резолуции и заклучоци, а откако беа разгледани најновите состојби во Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) по нејзиното прифаќање како Автокефална и рамна на сите други Помесни Православни Цркви, како и обидите, одвнатре, преку општо познатите струи наклонети кон фанариотската агенда за обезличување и одземање на Уставното име на нашата света Црква, беше предложена, примена и прифатена посебна „Декларација“ којашто прв ја потпиша Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Петар, и сите свештеници на оваа наша Епархија, и којашто ви ја покажувам во нејзиниот оргинал подолу.
Тоа што јас би додал на оваа веќе од моја страна потпишана декларација така како што беше предложена е дека, јас, не само по татко и мајка, туку, и по дедо и баба, по прадедо и прабаба, и чукун дедовци и прадедовци и чукун баби и прабаби сум Македонец и тој факт никој не може да го промени.
error: Content is protected !!