Skip to content

Потпишана Декларација за унапредување на правата на македонците во сите делови од Македонија

Потпишана Декларација за унапредување на правата на македонците во сите делови од Македонија

07.11.2022

Денеска во рамки на Семакедонскиот собир организиран од организација на Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинева” – Штип шест здруженија од Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Албанија и Косово потпишаа Декларација за унапредување на правата и слободите на Македонците во сите делови од Македонија. На собирот беше констатирано дека Бугарија троши големи пари за пропаганда и асимилација на Македонците кои живеат надвор од македонската држава.
Претседателот на Здружението „Мирка Гинова”, Стојан Димков изјави дека го радува што денеска е потпишана декларацијата, но и што дојдоа гости од целата државата.
-Македонија е света земја и сум благодарен и среќен што денеска ја потпишавме оваа декларација, истакна Димков.
Отец Никодим Царкњас од Егејска Македонија рече: „Секогаш овие патриотски декларации се добри. Со нив на меѓународните институции им укажуваме кои сме и што сме и што бараме“.
Потпишана Декларација за унапредување на правата на македонците во сите делови од Македонија
Во рамки на собирот беше отворена и изложба на која беа презентирани документи од американските архиви за постоење на Македонците во 19. и 20. век. Истражувањето на архивите низ светот од страна на историчарот Васил Стерјовски, резултираа со илјадници документи од печалбарите кои мигрирале во САД. Тој оценува дека состојбата со македонското малцинство во Албанија е добра и додава дека во делови од земјата се учи македонскиот јазик, но забележа дека изминатиот период во овие албански региони многу е силна бугарската пропаганда.
-Се работи за пропаганда што годишно троши милиони евра во своите цели. Го користи членството во ЕУ за притисок врз Албанија. Со таков притисок успеаја Албанија да признае непостоечко бугарско малцинство. Се обидуваат на пописот каде што живее македонско население да извадат Бугари, вели Стерјовски.
error: Content is protected !!