Skip to content

Пораз за македонските фудбалери до 17 години од Исланд

У17-850x491

 Репрезентацијата на Македонија претрпе пораз на домашен терен од Исланд од 0-3

Од почетокот до крајот на натпреварот репрезентацијата на  Исланд беше подобриот противник на теренот и добро знаеше што сака, избраниците на Вујадин Станојковиќ константно беа во подредена улога. Нашите фудбалери не успеаа да се соочат со противничкиот тим и неколку пати грешеа во одбраната, а само малку што се создаде во нападот не беше искористено. После половина час игра Исланд во неколку наврати ја погоди нашата мрежа, прво Кјартсон во 25. минута, а потоа Гудјохсен. Набрзо по почетокот на второто полувреме Гудјохсон за конечни 0:3. Следниот противник на Македонија е Франција за за три дена

Стартен тим на нашата репрезентација:

Вргов, Мемиши, Мелиќи, Јовановиќ, Велков, Димитријевски, Љубевски, Манојлов, Елмас, Алији, Ајетович;

Резерви: Али, Алиу, Дејановски, Хаџибулиќ, Коцев, Младеновски, Подрграѓа, Сековски, Стојковски

error: Content is protected !!