Skip to content

ОМО Илинден Пирин

Помен за војводата Атанас Тешовски 1865-1905

Помен за војводата Атанас Тешовски

03.06.2024

Вчера во организција на ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН, ОМО ИЛИНДЕН и Друштвото Антички Македонци во село Тешово, општина Хаџидимово, се одбележа 119 годишнината од убиството на војводата Атанас Тешовски и 159 години од неговото раќање.
Цвеќе пред споменикот положија делегации на организаторите, се одржа пригодна реч за животот и делото на војводата Атанас Тешовски и во селската црква “Свети Димитрија” беа запалени свеќи во спомен на сите загинати знајни и незнајни јунаци и борци за Македонија.
Пред споменикот на војводата Атанас Тешовски беше изведена културно-уметничка програма од Фолклорна група од градот. Прославата продолжи со македонски народни песни и ора.
Атанас Шабанов – Тешовалијата или Атанас Стојанов Шабанов, Атанас Тешовалијата е македонски ајдутин и револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Роден е во 1865 година во селото Тешово (Неврокопско). Учествувал во Кресненското востание 1878-1879 година. Од 1897 е арамија по Пирин планина. Учествувал во четите на војводите Давко, Дончо Златков и Кочо Муструкот.
Во 1899 во село Горно Броди се среќава со Гоце Делчев, ги прифатил неговите идеи и се присоединува кон неговата чета. Во 1901 година е назначен за војвода во Неврокопска околија. Извршува поширока организациска дејност, основајќи комитети на Организацијата во сите села низ околијата.
Во април 1902 година ја присоединува својата чета кон четата на Јане Сандански во с. Банско за заедничка борба против врховистите. Атанас Тешовалијата станува еден од најверните соработници на Јане.
Учествува со четата во Илинденското востание, кога ги прекинува телеграфските линии во неговата околија и се судрува со турскиот аскер на планината Црна Гора кај с. Зрново, Драмско.
На 12 мај 1905 година четата наидува на турски аскер. Атанас Тешовалијата загинал во тој судир, на планината Али Ботуш.
error: Content is protected !!