Македонска заедница во Австралија
Поклон пред Гоце во Мелбурн
![Поклон пред Гоце во Мелбурн Поклон пред Гоце во Мелбурн](https://maticanaiselenici.com/wp-content/uploads/2023/05/345054139_955981802499468_2319944631246375458_n-e1683190152661.jpg)
04.05.2023
Денес во дворот на Македонската православна црковна општина за Мелбурн и Викторија, Македонците од Викторија ја чествуваа 120 годишнината од убиството на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев.
Пред споменикот на Гоце Делчев, отец Климент Станковски од МПЦО “Свети Ѓорѓи и Пресвета Богородица” одржа панихида, а секретарот на општината Дејан Змејковски зборуваше за животот и делото на Гоце Делчев.
Претставници на Македонската заедница, голем број на организации, положија свежо цвеќе и венци пред Споменикот во помен и спомен на великанот Гоце Делчев.