Skip to content

Македонска заедница во Словенија

„Поезијата не познава граници“ во Нова Горица

„Поезијата не познава граници“ во Нова Горица

29.05.2023

Литературната секција на Македонското културно друштво „Охридски бисери“ од Нова Горица, Словенија на 3 јуни (сабота) ќе ја одржи третата по ред книжевна манифестација „Поезијата не познава граници“. Манифестацијата ќе се одржи на плоштадот „Европа“ со почеток во 19 часот.
На книжевната средба со свои дела ќе настапат поетите: Тања Оцелиќ, Марија Саграрио Дел Рио, Боре Митовски, Роберто Марино Масини, Мариа Георгиана Булеа, Магде Николеска, Татјана Чернилогар и Тина Јаќимовиќ. Гости на манифестацијата се Острошкото фолклорно друштво „Охридски бисери“.
-Со нежна музичка придружба ќе се впуштите во поетските творби на поканетите домашни и странски поети и поетеси. Ќе се опуштите и за време на фолклорниот настап на нашите најмлади играорци, велат од Управниот одбор на МКД „Охридски бисери“.
error: Content is protected !!