Skip to content

Македонска заедница во Албанија

Пали Колефски повторно е избран за градоначалник на Општина Пустец

Пали Колефски повторно е избран за градоначалник на Општина Пустец

15.05.2023

На локалните избори во општина Пустец, од вкупно 4.364 запишани избирачи, гласаа 2.145 избирачи. Од преброените гласови за градоначалник на општина Пустец, кандидатот Пали Колефски доби 1.372 гласа, а кандидатот Панди Јани доби 741 гласа.
Партиските штабови на Социјалистичката партија и на Македонската партија – Македонска алијанса за европска интеграција соопштија дека за градоначалник на општина Пустец за мандатниот период 2023-2027 година е избран досегашниот градоначалник Пали Колефски.
– Преспа ќе продолжи да живее, жителите на Општина Пустец го избраа најдоброто. Драги мои, прво да ви се заблагодарам на огромната и безрезервна поддршка на овие избори, од утре продолжуваме со макотрпна работа, од утре продолжуваме да работиме за Општина Пустец да стане уште подобро место за живеење. Оваа победа не е само моја, оваа победа е ваша, оваа победа е за сите нас заедно. Уште еднаш ви благодарам од се’ срце, – изјави градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски после соопштението на изборните резултати.
– Во Пустец живее Македонска заедница како додадена вредност во мозаикот на различностите во Округот Корча. Коалицијата со Македонската алијанса за европска интеграција го даде победничкиот резултат, и оваа коалиција ќе биде долгорочна, – изјави министерот за одбрана на Албанија Нико Пелеши, кој ги следеше резултатите од гласањето во општина Пустец!
Се очекува општинската изборна комисија да започне со пребројување на гласовите за советници во Советот на Општина Пустец кои ќе се објават во текот на денешниот ден.
error: Content is protected !!