Македонска заедница во Австралија
Отворен новиот Македонски културен центар во Епинг
![Отворен новиот Македонски културен центар во Епинг Отворен новиот Македонски културен центар во Епинг](https://maticanaiselenici.com/wp-content/uploads/2023/10/386086949_277679678464816_905158491615039064_n-e1696244446283.jpg)
02.10.2023
Во Епинг, Мелбурн, вчера беше отворен новиот Македонски културен центар финансиран од буџетот на Викторија.
Македонскиот културен центар беше отворен од министерката за енергетика Лили Д’амбросо (Lily D’ Ambrosio) и пратеничката во Парламентот на Викторија Браунвин Халфпени (Bronwyn Halfpenny), а на свеченоста присуствуваше и министерот за миграција Ендрју Хилс (Andrew Gilles).
Македонскиот културен центар беше осветен од Архимандрит отец Гаврил во сослужениесо отец Климент Станковски и протоереј Ефтим Бетински од Македонската Православна Црква во Австралија, а на осветувањето присуствуваа голем број Македонци.
За присутните беше приредена богата културно-уметничка програма со македонски песни и ора и македонско мени од традиционалната македонска кујна.
Во културниот кој центар се наоѓа позади македонската црква “Свети Ѓорѓи” во Епинг ќе се организираат македонски културни настани и состаноци.