Skip to content

Отворен македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

Отворен македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

01.11.2022

Отворен е македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Отворањето на клубот, според основачите, е со цел да ги зближи двата народа и да ги надмине разликите.

На отворањето на клубот,  Милан Ризаков од „ОМО Илинден Пирин“ посочи: „Обвинувани сме за непријатели, кога намерите ни се пријателски, обвинувани сме за сепаратисти, кога стремежот ни е уривање на граници и обединета Европа, за противзаконски, кога сакаме да работиме во рамките на законите. 32 години напорите ни беа да регистрираме наше здружение со кое што ќе учествуваме во културниот, општествен и политички живот. Земјата е 15 пати осудена за тоа во Европскиот суд за човекови права, а ние не сакаме да се судиме, никого, ние едноставно сакаме да сме рамноправни како останатите граѓани, сакаме да можеме да се нарекуваме Македонци, а за тоа да не бидеме навредени, да можеме да се собираме и да твориме без страв, да бидеме од корист за двете држави и за двата народи затоа што им ја познаваме душата и културата’, изјави на отворањето на клубот Милан Ризаков од „ОМО Илинден Пирин“.

 

Атанас Мазнев од истото здружение додаде дека идеите за основањето на клубот се градење на мостови меѓу двата народи и ново културно пространство во кое ќе учествуваат двете држави, бидејќи тоа е завештание на Гоце Делчев и тие нема да отстапат од тоа.

error: Content is protected !!