Skip to content

Одржан Спортски самит „Спортот денес 2022“

4eb6e388-7c4

На 26-ти Октомври, во нашата држава се одржа спортскиот самит “СПОРТОТ ДЕНЕС 2022“, под покровителство на “Г.И. ГЛОБАЛ“ и МОК, на кој се разговараше на актуелни теми од областа на спортот, посебно врвниот, финансискиот менаџмент, ваучерскиот систем и развојот на спортот на локално ниво. Најнапред учесниците ги поздрави Директорот на “Г.И. ГЛОБАЛ“, проф. Д-р Иван Анастасовски, претседателот на МОК, М-р Даниел Димевски, кои меѓу присутните присуствуваа, Министерот за внатрешни работи, г-дин Оливер Спасовски, Агим Нухиу, заменик министер за правда и проф. Д-р Гордана Лажетиќ, професор по кривично право на Правниот факултет при УКИМ.

Во самите дебати учествуваа домашни и регионални експерти, градоначалници, претставници на Националните спортски федерации, надлежните државни органи, универзитетски професори, јавни обвинители и судии, кои дебатираа на споменатите теми за развој на спортот во нашата земја.
Како заклучок се извлече дека мора што е можно поскоро да се донесе квалитетен, практично применлив и нов закон за спорт, да се модифицират сите критериуми за доделување ваучерскиот систем, како и за распределба и контрола на финансиски средства на Олимпискиот и спортски систем во нашата држава.

error: Content is protected !!