Македонска заедница во Србија
Одржана конститутивна седница на националниот совет на македонците во Србија
19.12.2022
Викендов се одржа конститутивна седница на Националниот совет на Македонците во Србија. На конститутивната седница на Националниот совет беа поделени уверенијата на 23 членови на Националниот совет избрани по пат на електронско собрание кое се одржа на 13 ноември 2022 година.
На конститутивната седница на Националниот совет на Македонците во Србија за претседател во наредниот четиригодишен мандат едногласно беше избран досегашниот претседател Борче Величковски.
Членовите на Националниот совет на Македонците во Србија ги поздрави и им посака успешна работа амбасадорката на Македонија во Белград.