Skip to content
Во Битола

Одбележување 78 години од формирањето на Првата народноослободителна ударна бригада од Егејска Македонија

315325405_120600934172692_6265412723764322001_n

16.11.2022

По повод 78 годишнината од формирањето на Првата Егејска Македонска ударна бригада на 18 ноември во Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, во 10 часот организираат полагање свежо цвеќе на спомен-плочата на чешмата до Пожарната во општина Битола, како спомен за настанот во поновата историја на Македонскиот народ од Втората Светска Војна.
На полагањето свежо цвеќе ќе присуствуваат градоначалниците со делегации на општините Битола, Новаци и Могила, како и делегации на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и Светскиот Македонски Конгрес.
Поздравни говори на одбележувањето на 78 годишнината од формирањето на Првата Егејска Македонска ударна бригада ќе одржат претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, Александар Јаневски и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
Пред Пожарната во општина Битола, на 18 ноември 1944 година од Леринско-Костурската народно-ослободителна бригада, Воденскиот Македонски баталјон и дел од бригадата “Гоце Делчев“ беше формирана Првата народно-ослободителна ударна бригада од Егејскиот дел на Македонија која влезе во составот на Народно-ослободителната војска и партизанските одреди на Македонија. Формирањето на Првата Егејска Mакедонска Ударна Бригада е значаен настан во поновата историја на Македонија, затоа што нејзините борци се пресметаа со балистите во Западна Македонија, соработници на италијанските, бугарските и германските фашистички окупатори на Македонија.
error: Content is protected !!