Skip to content
Македонска заедница во Канада

Одбележани 145 години од раѓањето на Никола Карев

Одбележани 145 години од раѓањето на Никола Карев

05.12.2022

Во просториите на Македонската православна црква „Свети Илија“ во Мисисага, Културното друштво „Никола Карев“ го прослави родениот ден на македонскиот револуционер и претседател на Македонската Република во Крушево 1903 година, Никола Карев.
Културното друштво „Никола Карев“ од македонската заедница во Мисисага, по повод 145 години од раѓањето на великанот Никола Карев, приреди ручек.
Претседателот на Културното друштво „Никола Карев“, Трајче Јанакиевски рече дека во време кога нашите соседи се обидуваат да ги присвојат датумите, настаните и личностите од македонската историја, добро е да се одржуваат почесто вакви настани, заради оживување на македонските херои кои ги положиле животите за Македонија.
error: Content is protected !!