Македонска заедница во Србија
Одбележана десетгодишнината од воведувањето на македонскиот јазик во образовниот систем на Србија
19.12.2022
Националниот совет на Македонците во Србија го одбележа Македонскиот ден во Србија.
Во Основното училиште „Гоце Делчев” во Јабука се одбележа десет годишнината од воведувањето на Македонскиот јазик со елементи на македонската култура во образовниот систем на Србија.
На повеќемина активисти и наставници им беа доделени признанија за успешната настава на Македонскиот јазик во Србија.