Македонска заедница во Албанија
Новогодишни пакетчиња за децата во Требиште, Голо Брдо
![Новогодишни пакетчиња за децата во Требиште, Голо Брдо Новогодишни пакетчиња за децата во Требиште, Голо Брдо](https://maticanaiselenici.com/wp-content/uploads/2023/01/323008340_717923963237785_6126689109069317888_n-e1673251825677.jpg)
09.01.2023
Македонско друштво „Илинден“-Тирана во соработка со ракометниот клуб „Енхалон“ од Струга и поддршка од Хуманитарната организација „Свети Спас” од Скопје, Македонија, донираа 50 новогодишни пакетчиња за деца во месната заедница Требиште, Голо Брдо.
Македонското друштво „Илинден“-Тирана изрази благодарност на Дејан Костески, претседател на Ракометен клуб „Енхалон“ од Струга, на Едмонд Османи, администратор на Месната заедница Требиште, областа Голо Брдо и на донаторот на новогодишните пакетчиња, хуманитарната организација „Свети Спас” од Скопје.