Skip to content

Македонското друштво “Илинден“-Тирана до ЦИК на Албанија

Ние сме македонско национално малцинство

Ние сме македонско национално малцинство

17.01.2023

Центарлната изборна комисија на Албанија за локалните избори што ќе се одржат на 14 мај 2023 година за првпат во историјата на изборните процеси во Албанија одобри посебна програма за информирање и подигање на свеста на гласачите-припадници на националните малцинство во Република Албанија, вклучително и македонското. Но, она што во овие плакати е забележливо е понижувачкиот однос на ЦИК кон Македонците, бидејќи само тие на плакатот се напишани како национално малцинство на Северна Македонија, наместо само македонско. Кај ниту едно друго малцинство не стои држава од која потекнува.

На ваквиот однос остро реагира Македонското друштво Илинден“: Најостро реагираме зашто она што пишува Централната изборна комисија е навреда на достоинството и националниот идентитет на македонското национално малцинство во Република Албанија. Како може на плакатот, во рамки на програмата за изборната едукација на припадниците на националните малцинства на јазикот на нивната заедница да стои ваква катастрофална грешка. Ние сме македонско малцинство или Македонци во Република Албанија, како што сме признати во Законот за заштита на малцинствата, изјави Никола Ѓурѓај за Македонски весник “Илинден“.

error: Content is protected !!