Македонска заедница во Швајцарија
На 10 јуни „Македонски ден“ во Ешалан
![На 10 јуни „Македонски ден“ во Ешалан На 10 јуни „Македонски ден“ во Ешалан](https://maticanaiselenici.com/wp-content/uploads/2023/02/330801902_1316041952519840_4755944364076037183_n-e1676371397517.jpg)
14.02.2023
Македонската заедница во Швајцарија информира дека годинава манифестацијата „Македонски ден во Ешалон – (Македонски панаѓур)“ ќе се одржи на 10 јуни со почеток во 11 часот, во Градскиот парк спроти железничката станица во Ешалон.
На програмата на Македонскиот ден се песни и ора од богатото фолклорно наследство на Македонија, како и перформанс на македонска свадба и свадбени обичаи. Ќе биде понуден и широк асортиман на разновидна стока која ги отсликува македонската традиција и обичаи изложена на големиот број штандови поставени токму за купувачите и посетителите.
Манифестацијата е помогнат и поддржана од општина Ешалан.