Skip to content

На светскиот ден на поезијата во седиштето на УНЕСКО во Париз

Влада Урошевиќ добитник на “Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата

Влада Урошевиќ добитник на златен венец на Струшките вечери на поезијата

21.03.2023

Влада Урошевиќ е добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата за 2023. Веста е соопштена во седиштето на УНЕСКО во Париз, во рамките на чествувањето на 100-годишнината на творештвото и поезијата на Ацо Шопов, на Светскиот ден на поезијата.
Во седиштето на УНЕСКО во Париз, денеска започна програмата за чествување на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската лирика, Ацо Шопов, што е дел од Календарот на важни меѓународни јубилеи поддржани од УНЕСКО.
Славејќи ги творештвото и поезијата на Ацо Шопов, на настанот ќе се одржи меѓународен симпозиум „Поезија, творештво, препев и оптек на делата на јазиците од помалите говорни подрачја“. Во рамките на програмата ќе се одржи и проекција на анимираниот филм „Грозомор“ работен според истоимената песна на Ацо Шопов, инспирирана од скопскиот земјотрес во 1963 година, како и поетскиот перформанс „Долго доаѓање на огнот“, а ќе биде отворена и изложба посветена на творечкиот пат на Ацо Шопов „Патот по кој чекорам“.
error: Content is protected !!