Skip to content

Македонска заеднца во Германија

Настава на Македонски јазик во МПЦО „Свети Климент Охридски“ во Берлин

Настава на Македонски јазик во МПЦО „Свети Климент Охридски“ во Берлин

30.05.2024

Од септември продолжува да се реализира дополнителната настава на македонски јазик во Берлин, секоја среда во училиштето Rosa Parks Grundschule со почеток во 16.30 часот, како и секоја втора и четврта недела од месецот во помошните простории на Македонската православна црковна општина “Свети Климент Охридски“ во Берлин со почеток во 12 часот.
Покрај наставата на македонски јазик, во Македонската православна црковна општина “Свети Климент Охридски“ ќе се реализира и детски хор каде ќе се изучуваат македонски традиционални и детски песни.
Пријавувањето на учениците за учебната 2024/2025 е во тек. Сите заинтересирани родители треба да пополнат пријава која е достапна во просториите на црквата или кај наставничката Ана Смилевска преку е-маил: anasmilevska@hotmail.com.
Дополнителната настава на македонски јазик е организирана и во целост финансирана од Министерството за образование и наука на Македонија. 
Часовите се утврдени според следниот распоред: секој вторник во месецот – онлајн на платформата Zoom со почеток во 18 часот; секоја среда во месецот во Rosa Parks Grundschule, училница 212, со почеток во 16.30 часот; и секоја втора и четврта недела во месецот во Македонската православна црковна општина “Свети Климент Охридски” со почеток во 12 часот.
Наставничка по Македонски јазик и хорско пеење е Ана Смилевска.
Секоја втора и четврта недела во просториите на Македонската православна црковна општина “Свети Климент Охридски“ после часовите по македонски јазик, отец Оливер Новескичас ќе реализира час по веронаука, учеството на учениците е доброволно, се разбира, со согласност на родителите.
error: Content is protected !!